Се урива Одделението за школарци во „Идризово“

Затвор Идризово/ Фото: МИА

Популарно нареченото Одделение за школарци се урива, а по завршување на уривањето и расчистувањето на теренот од градежниот шут ќе се започне со оплеменување на просторот и негова пренамена во шеталиште на кое ќе рекреираат и шетаат осудените лица од затвореното одделение во К.П.Д. „Идризово“.

Како што соопшти Управата за извршување на санкциите акцијата за уривање на најруинираниот објект на стариот дел на Казнено-поправниот дом „Идризово“ почнала на 28 јуни.

Осудените лица кои до 2018 година престојуваа во објектите кои сега се уриваат, се преместени во новите одделенија кои се изградени и пуштени во употреба во јули минатата година 2018 година, а се наменети за осудените лица кои се со полуотворен или отворен третман во процесот на ресоцијализација.

„Со наведената активност се решава уште еден проблем од мнозинството проблеми наследени од периодот пред 2017 година и им се овозможува на осудените лица во К.П.Д. „Идризово“ казната затвор да ја издржуваат во похумани услови и простор кој е изграден во согласност со европските стандарди“ се наведува во соопштението на Управата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот