Се уредува Источната трибина на Градскиот фудбалски стадион „Зоран Паунов” во Велес

Фото: mia.mk

На Градскиот стадион „Зоран Паунов”  во Велес во тек се градежни активности на уредување на Источната трибина, која е наменета за стоење на домашна публика. Работите ги изведува Градежната фирма „Делта пром” во соработка со Општина Велес, со фининасиска подршка на Агенцијата за млади и спорт.

Како што информираат од „Делта пром” за МИА, се прави бетонска подлога – скалила за стоење со димензии 31 на 12 метри или со вкупна површина од 350  квадратни метри. Очекуваат дека работите ќе завршат за десетина дена.

Западната трибина има капацитет од 2,3 илјади пластични столчиња за седење, од коипред две години беа поставени 1.500 со донација од УЕФА преку ФФМ и ОФМ, а градежните работи на трибината и приодниот пат до неа  и монтирање на столиците ги изведе Општина Велес. Претходно пред пет години на оваа трибина првично беа поставени 800 пластични столчиња.

Во иднина останува да се уреди косината меѓу Западната и Источната трибина за која засега нема обезбедено финансиски средства.

Инаку, утре во 13 часот на Градскиот фудбалски стадион екипата на ФК „Борец” 1919 во рамки на натпреварите од Првата фудбалска екипа на домашен терен ја пречекува екипата на „Струга Трим Љум”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот