Се сруши покрив на стадион во Русија, еден работник остана под рушевините (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Извор од итните служби за агенцијата „Тасс“ изјави дека во несреќата има две жртви.

Еден работник остана затрупан во рушевините кога, за време на демонтажа, се сруши покрив на спортски и концертен комплекс „Петербург“ во Русија.

– За време на демонтажата, покривот на стадионот се сруши, а се претпоставува дека еден работник е останат под рушевините. Руското министерство за вонредни ситуации спроведува операции за потрага и спасување – стои во соопштението на секретаријатот за вонредни ситуации.

Извор од итните служби рече за агенцијата „Тасс“ дека во несреќата има две жртви.

На видео-снимката од инцидентот која ја објави порталот „Фонтанка.ру“ може да се забележи еден работник кој не успева на време да се искачи на градежната опрема и паѓа од покривот.

СКК „Петерсбург“ е изграден во исто време кога и московскиот Парк на победата – 1980 година, за потребите на Летните олимписки игри во Москва.

Цилиндричната градба е опкружена со 56 носечки стубови, а на рампата на главниот влез се поставени скулптурите „Уметност“ и „Спорт“.

Одлуката за рушење на стадионот СКК е донесена поради тоа што целиот објект бил запуштен, но руските здруженија на архитекти жестоко се спротиставија на истото поради значењето на објектот за советската архитектура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот