Се планирал терористички напад на „Ел Класико“: Дрон требало да експлодира на „Ноу Камп“

фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Во февруари 2020 година се појави коронавирусот и во тој период цела Европа беше во карантин, фудбалските првенства беа прекинати, целиот свет се затвори…Таквата ситуација спречила голем масакр и тоа во едно од најголемите дербија, „Ел Класико“.

Имено, џихадист од Исламска држава пред две години планирал да изврши напад на „Камп Ноу“ со дрон полн со експлозив. Неговиот план не се остварил затоа што првенството беше прекинато од март до јуни. Подоцна кога фудбалот продолжи тој бил уапсен и осуден на затворска казна од три години.

Засега не се објавува возраста на терористот, познато е дека работел во низа барови, а влегол во Исламска држава за „брз процес на радикализација“. Во пролетта 2020 година тој бил контактирал со препораки „да се прочисти место во рајот“ поради тоа што во животот имал гревови како консумирање алкохол и непочитување на религијата.

Планот бил дронот однадвор да долета и да експлодира кога ќе влезе на најголемиот стадион во Европа. За среќа таквото сценарио кое било светска трагедија се избегнало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот