Се отстрануваат проблемите со картичките на Комерцијална

Корисниците на картички на Комерцијална банка денеска може да вршат трансакции во трговија и на најголем дел од банкоматите на Банката.

Од Банката соопштуваат дека наскоро ќе бидат во функција сите банкомати на Комерцијална банка.

– Активностите поврзани со функционирањето на останаатите сервиси се во тек за што дополнително ќе ве известиме, стои во соопштението.

Поради технички проблеми од вчера попладне не беа во функција банкоматите на Банката и корисниците на картичките не може да вршат плаќања во трговијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот