Се отстрануваат дрвја за изградба на градинката во Пролет, наместо нив ќе „никнат“ 20 јавори

Фото: Општина Центар

Започна да се расчистува теренот каде, според најавите од Општина Центар, наскоро ќе започне изградбата на првата детска градинка во населба Пролет.

За таа цел, во наредните денови ЈП „Паркови и зеленило“ по налог на општината ќе отстрани 4 дрва, поточно две копривки, липа и софора, со кои ќе се ослободи простор и ќе се овозможи изградба на градинката. Дополнително, со помош на специјална механизација, ќе бидат пресадени уште 4 јасени во парцелата на која ќе се гради градинката.

На местото на отстранетите дрва, Општина Центар ќе засади нови 20 високо калемени садници од видот јавор (аcer campestre) и друг вид на средно и ниско зеленило кое на просторот околу објектот на градинката ќе му даде нова свежина и нов лик. По завршувањето на градежните активности поврзани со новата градинка, ќе се добие зелена површина на околу 2000 метри квадратни, со што општината ќе ја заштити животната средина, а овој простор ќе стане ново зелено катче во населбата Пролет – велат од Општина Центар.

Детската градинка, која наскоро ќе започне со изведба, е првата целосно нова градинка која ќе се гради во Општина Центар по повеќе од 50 години, прва воопшто во населбата Пролет, а децата од оваа населба, како што објаснуваат од локалната власт, ќе добијат нов, современ и квалитетен објект за престој, забава и другарување.

Градинката ќе се гради на вкупна бруто површина од 3276 метри квадратни, со што ќе биде една од најголемите детски градинки во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот