Се откажуваат екскурзиите во странство за учениците од Грција

Привремено откажување на сите екскурзии во странство за учениците од Грција поради коронавирусот, соопшти портпаролот на Министерството за здравтво на Грција и научен соработник во Националната организација за јавно здравје, професорот Сотирис Циодрас, на денешната прес конференција во надлежното министерство, јави дописничката на МИА од Атина.

– Со препорака од специјалната група на експерти и со согласност од министерката за образование, се проширува мерката за привремено откажување на организираните едукативни екскурзии, сите екскурзии во странство поради исклучителните тешкотии за пронаоѓање на контактите на потврдените случаи во странство – рече Циодрас.

Во однос на четвртиот случај на коронавирусот во Грција, професорот објасни дека продолжува проверката на контаките и превентивно се затворени училишта во поширокиот дел на Атина.

Прочитајте и...  Трамп: Не планирам да ги повлечам САД од НАТО

Според грчките медиуми, 36-годишната жена кај која беше откриен коронавирусот е професорка.

За останатите позитивни случаи Циодрас рече дека продолжува процесот на пронаоѓање на контактите и следење на здравствената состојба на лицата кои со нив имале блиски контакти.

– Онаму каде што имаше сомнеж, се спроведе лабораториска проверка, која беше негативна. Нешто друго што е многу важно да се истакне е дека не се оценува неопходно откажувањето на масовните собири во нашата држава. Не постојат знаци на континуирано пренесување на вирусот во заедницата во Грција – рече портпаролот на грчкото Министерство за здравство.

Професорот Циодрас, на денешната прес конференција објасни дека епидемијата се проширува во сѐ повеќе земји и има „сѐ повеќе појави на пренесување на вирусот каде што нема јасен извор на потекло”.

Прочитајте и...  Пад на цените на производителите на индустриските производи

Во Грција се регистирани вкупно четири случаи на коронавирус, два во Солуни два во Атина.

Прочитај повеќе

Илон Маск пред Ворен Бафет, го зазема седмо место на листата на милијардери на „Блумберг”

Слободен печат

Царовска: Време е за 50:50, за силни жени кои што рамноправно учествуваат во создавање на силно општество

Слободен печат

Димитров и Царовска возеа велосипеди низ Скопје: Возиме сите напред кон ЕУ, таму каде што припаѓаме (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Заев: Не смееме да дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создаваме овие три години (ВИДЕО)

Слободен печат

Андреевски: Непотизам на дело, таткото и синот Мицкоски преку Машински факултет наплатиле илјадници евра од проекти од државната ЕЛЕМ

Слободен печат

Николовски тврди дека семејството Заеви се јавува како странски инвеститор во најмалку две европски држави

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Спасовски: Секое гласање за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Филипче: Во јули лиценцирани 66 доктори на медицина, половината од нив изразија желба да работат со ковид пациенти

Слободен печат

Што снимаш ти мајмуне- нападната новинарската екипа на Ал Џезира (ВИДЕО)

Слободен печат

Два нови случаи на коронавирус во Кавадарци

Слободен печат

Вучиќ за Ројтерс: Се исплатеа напорите на Германија и Франција, прва релативно оптимистична вест (ФОТО)

Слободен печат

Со европски пари си правеле партиски собир, ВМРО-ДПМНЕ негира, но ќе докажеле после избори (ВИДЕО)

Слободен печат