Се огласи трговскиот центар во Топанско Поле: Напаѓачите ги разнесоа банкоматите со непознати средства

По вооружениот грабеж кој рано утрово се случи во трговскиот центар „Поинт ритејл парк“ во скопската населба Топанско Поле, се огласија од управата, од каде велат дека банкоматите на четири банки биле разнесени со „за нас непознати средства“.

„За време на настанот обезбедувањето постапило според процедурите и претходно дадените упатства, кои се применуваат во вакви случаи. Никој од вработените не е повреден, ниту за време на настанот имало надворешни клиенти на трговскиот центар“, велат оттаму.

Од нападот врз трговскиот центар беше објавена и снимка, на која се гледа како неколкумина ги демолираат банкоматите пред трговскиот центар, а потоа поставуваат некаков експлозив и се гледа силната детонација.

И МВР се огласи со официјално соопштение за грабежот.

„Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на ул.„М.К.Бригада” во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот Ш.М., а потоа запалиле банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. Веднаш по добиената пријава преземени се мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот. Извршен е увид од јавен обвинител и екипи на СВР Скопје, при што е утврдено дека сторителите со употреба на експлозивна направа ги отвориле банкоматите и одзеле пари“, соопшти полицијата.

Од „Поинт ритејл парк“ додаваат дека очекуваат брзо разрешување на случајот, а истакнуваат дека трговскиот центар продолжува со редовна и непречена работа.

Видео од филмскиот грабеж и експлозијата на банкоматот во Топанско Поле

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот