Се очекува за две години „Марковите Кули" да бидат на постојаната листа на УНЕСКО - Слободен печат

Се очекува за две години „Марковите Кули” да бидат на постојаната листа на УНЕСКО

Прилеп е домаќин на дводневниот меѓународен научен собир „Доцносредновековни градови во централните делови од Балканскиот Полуостров, генеза развиток и структура”, на кој своите научни истражувања ги изнесуваат 27 учесници од Грција, Бугарија, Србија, Хрватска и од нашата земја.

Според Бранко Ристески, директор на прилепскиот Институт за старословенска култура, организатор на конференцијата, која почна вчера, во соработка со локалната самоуправа, целта е да се дообјасни средновековниот Прилеп.

-Целта е да добиеме релевантни податоци во еден културен контекст што се нарекува централно-балкански простор во кој се одвиваат процесите на развој на средновековниот Прилеп, изјави Ристески.

Крајните цели го допираат прашањето за комплексот „Маркови Кули” кој претендира да биде на постојаната листа на УНЕСКО. Ристески објаснува дека според текот на фазите, се очекува за година – две да се постигне посакуваното.

– Првата фаза е формално-правна. Во моментов се изработува стратегиска оценка за загрозеноста на подрачјето на „Марковите Кули” и планот за управување. Краен рок за доставување, паралелно со Охридскиот регион, е до крајот на овој месец, а формално-правно до крајот на годинава ќе биде завршена првата фаза. Паралелно, тече процесот на реноминација, како единство на културни и природни содржини. Со тоа ги правиме првите чекори кон официјализација на процесот. Очекуваме за една до две години комплексот „Маркови Кули” да биде позициониран на постојаната листа на УНЕСКО, објаснува Ристески.

Прилеп сака да се позиционира во научниот конгресен туризам со теми од културното наследство.

-Секако ги имаме Охрид, Крушево, но за ваквите научни теми, за историјата на културното наследство, Прилеп има добра перспектива. Индиректно, сакаме да развиеме и „туристичка експлоатација” на овој простор, рече Ристески.

Учесниците денеска ја продолжуваат научната конференција со повеќе теми од доцно средновековниот период. Меѓу другите, ќе се најдат и темите за средновековни сведоштва за животот во Хераклеа, за средновековна Битола, како и за судбината на откриените антички градови во Македонија

Прочитај повеќе

Тирана ја убеди и ДП да биде дел од изборната коалиција на Албанците од Прешевската Долина

Слободен печат

Грчката полиција запленила повеќе од 1 тон кокаин, приведени се 8 лица (ВИДЕО)

Двајца од тројцата заболени во Франција пристигнале на аеродром без симптоми

Слободен печат

Касами: БЕСА работи на формирање трипартитна коалиција, но подготвени сме и самостојно да излеземе на избори

Слободен печат

Ватикан го повика ирачкиот претседател да ги заштити христијаните во таа земја

Слободен печат

Остави Коментар

five × four =

Прочитај повеќе

Петровска: Бирото за јавна безбедност веднаш започна истрага за затворената група на „Телеграм“

Слободен печат

Русија го задржува правото на реципрочни мерки кон Бугарија

Слободен печат

Во затворена група на „Телеграм“ македонски средношколци споделуваат експлицитни фотографии од врсници

Слободен печат

Шкријељ: Просечната пензија ја зголемуваме на 15.500 денари од февруари годинава

Слободен печат

Тројца Французи и еден Ирачанец се водат за исчезнати во Багдад

Слободен печат

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ? 1720. чума, 1820. колера, 1920. шпанска треска: ШТО Е СЛЕДНО?

Слободен печат