Се очекува ХАОС во Ѕвездите на Гранд: Поповиќ и дал 100.000 евра на Северина да се кара со Карлеуша

Во новата сезона на Ѕвездите на Гранд Северина ќе и се придружи на ривалката Карлеуша во жирито на популарното натпреварување, дознаваат српските медиуми.

Саша Поповиќ и понудил 100.000 евра на Северина за да се најде покрај Карлеуша, која со години јавно ја прозиваше дека е лоша во кревет, дека не знае да пее и дека и ги краде идеите.

Поповиќ, според тврдењата на медиумите, очекува сериозна пресметка на двете пејачки.
„Ќе биде интересно да се гледаат двете ѕвезди како се караат во емисијата. Тие со години не се поднесуваат“, вели изворот.

Поповиќ планира во тоа жири да бидат и нашата Тамара Тодевска, потоа Ненад Кнежевиќ Кнез од Црна Гора, а од Босна и Херцеговина претставник ќе биде Шериф Коњевич, кого Карлеуша го прозвала дека има „селски песни“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот