Се фали со богатството: Парите на мојата сметка сигурно се збунети! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Контроверзната српска пејачка Јелена Карелуша (41)  повторно провоцира на социјалните мрежи.

Овој пат таа се пофали со пари кои нема каде да ги троши, бидејќи поради пандемијата со коронавирусот во Србија е прогласено вонредна состојба.

– Парите кои стојат на мојата сметка сигурно се многу збунети – напишала таа на Инстаграм и така дала до знаење дека долго време не купувала ништо, а тоа очигледно тешко и паѓа.

Фото: Инстаграм

А, колку Карелуша го сака материјалното, покажуваат нејзините брендирани крпи. Во една прилика таа предизвика бес кај јавноста откако се накити со пари.

Сепак, станувало збор за лажни пари за кои пејачката призна откако многумина ја осудија.

Фото: Инстаграм

– Најстрашен момент на мојот денешен стајлинг е тоа што полумозиците (а, ги има доста), навистина мислат дека сум се накитила со вистински пари…. Кад јас живеам – напишала Јелена на Твитер.

Но, ни тука не е крај на нејзините провокации. Претходно таа позираше и со чизми со мотиви на долари.

Фото: Инстаграм

Инаку Јелена времето во изолација го поминува во Белград со сопругот Душко Тошиќ (35) и нивните две ќерки. А, дека живее на висока нога, покажува и тоа што неодамна таа си купи солариум за во домашни услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот