СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги кочи законските измени за недела неработен ден

сити мол скопје луѓе маски
Трговски центар „Сити мол“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Пратеничката група на СДСМ обвини дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ со денови ги кочи во Собранието измените на Законот за работни односи за недела неработен ден, со што посочуваат, продолжува да работи против работниците, против граѓаните и нивните интереси.

– Што има ВМРО-ДПМНЕ толку против работниците што упорно ги кочи овие законски измени? Овие законски измени овозможуваат 92 отсто од вработените да одмараат во недела и да создадат рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот. Тие сè уште се противат 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување. ВМРО-ДПМНЕ е против работниците, против наставниците, против здравственииот персонал, против припадниците на Армијата. Со вакво неодговорно, деструктивно однесување на штета на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Мицкоски, ја чека нов пораз од граѓаните, рече на прес-конференција во Собранието пратеничката на СДСМ, Лолита Ристова.

На новинарско прашање зошто не се прифаќа дебата во Собранието за модуларните болници, Ристова посочи дека СДСМ се подготвени да дебатираат, но врз основа на аргументи и факти.

– Во овој момент, Собранието не може да биде претворено ниту во истражен орган, ниту во суд, ниту во обвинителство. Да оставиме да завршат истражните постапки. Трагично е и нехумано во едни вакви услови, кога бројни семејства се завиткани во жал, да раговараме за теми за кои треба да оставиме простор да добиеме поконкретни информации, рече Ристова.

Во однос на поднесената иницијатива за формирање анкетна комисија за утврдување на одговорност за случајот со тетовската модуларна болница, Ристова повтори дека и анкетна комисија мора да работи врз факти и докази.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот