СДСМ: Вело Марковски лажно ги клеветеше здравствените работници дека терапиите се несоодветни

Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Во време кога целиот свет е обединет во борбата проти коронавирусот, во време кога сите даваат придонес за справување со пандемијата мрачниот Мицкоски одмага и го поткопува здравствениот систем, велат од владејачката партија СДСМ.

-Црниот придонес на Мицкоски од почеток на пандемијата се состои од масовно прекршување на мерките за заштита од коронавирусот, одење по тератани и ресторани кога тоа е забрането, ширење лажни вести дека нема доволно тестови, кревање паника кај граѓаните дека нема доволно заштита опрема. Преку своите послушници, Мицкоски кочеше финансиска помош од Светска банка за опремување на 16 ковид центри низ државата, придонесе полицијата да не ги казнува прекршителите на мерките за заштита. Неговиот Вело Марковски лажно ги клеветеше здравствените работници дека терапиите се несоодветни, ги советуваше граѓаните да не носат маски затоа што вирусот не е опасен- велат од власта преку соопштение.

Со организирање морбидни перформанси на кои се злоупотребува смртта на граѓаните, некрофилот Мицкоски го покажа своето нечовечно лице, истакнуваат од власта, без трошка сочувство ги злоупотребува починатите од коронавирусот и нивните најблиски за политичко профитирање.

-Мицкоски ги навредува докторите и се обидува да го поткопува здравствениот систем Граѓаните гледаат дека мрачниот Мицкоски се грижи само како да ја задржи фотелјата во белиот дворец и затоа тој уште долго ќе остане во опозиција- велат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот