СДСМ: Реалност е дека за македонскиот јазик и идентитет не се преговара

Колку се поголеми лагите од белиот дворец, толку потешки се поразите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, реалност е дека за македонскиот јазик и идентитет не се преговара.

Во ВМРО ДПМНЕ ништо не се менува. И во новата година, едни исти невистини, дезинформации и манипулации.

Христијан Мицкоски во клучни моменти за државата излезе пред јавноста и без срам лажеше дека државата се распарчувала, дека се погазувала македонската држава, лажеше дека се погазувала македонската историја.

И како тоа да не му беше доволно, па сега тој и ВМРО-ДПМНЕ лажат дека се загрозувал македонскиот јазик, ја плашат јавноста со наводни анекси и бараат нов договор што е спротивно на државните позиции.

Една иста расипана плоча, едни исти лаги кажани 100 пати се вртат во белиот дворец. Дезинформации и конструкции кои немаат допир со реалноста.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, партија потврден извор на лажни вести, партија која знае само за лаги, деструкции, блокади и антидржавно дејствување. Но, колку пати и да излажат, нивната лага нема да стане вистина.

Реалноста е сосем спротивна од лагите на Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Реалноста е дека за македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја не се преговара, ниту воопшто некогаш ќе се преговара.

Лагите на Мицкоски и на малкумината околу него, не поминуваат, нивните лаги се разобличени и шест пати се казнети од граѓаните.

Колку се поголеми лагите од белиот дворец, толку се потешки поразите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Со вакво антидржавно и антинародно однесување, со лаги и деструкции, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго остануваат опозиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот