СДСМ : Прислушкувањето на граѓаните заврши со заминувањето на режимот на ДПМНЕ

Едни исти лаги се пласираат од прес конференциите од Белата палата. Таргет за лагите на ДПМНЕ е работата на професионалната и независна Оперативно-техничка агенција, велат од СДСМ.

Прислушкувањето на граѓаните заврши со заминувањето на режимот на ДПМНЕ. Сега се градат демократски институции кои им служат на граѓаните. Тоа ДПМНЕ нема капацитет да го разбере затоа што нивната режимска матрица е фокусирана само на злоупотреби како што правеа 11 години. ДПМНЕ ги урна институциите и сега се обновуваат врз основа на закон и спроведени реформи на безбедносните служби во еден демократски и транспарентен процес. Лагите на ДПМНЕ веќе се демантирани и од самата ОТА, се спроведуваат постапки низ соодветна, законска процедура, под целосен надзор и контрола и со позитивно мислење од надлежните институции, соопштуваат од партијата

Претходно пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека директорот на ОТА извршил незаконска набавка на опрема за масовно прислушкувања и обвини дека единствен кој стои зад тоа е Димитар Ковачевски, без чија согласност опремата не можела да биде набавена.

Набавена е опрема за следење на комуникациите, со набавка спроведена на незаконит начин, без потребна дозвола од МВР и без почитување на Правилникот на Агенцијата. Јавно прашуваме, дали ваквата опрема е набавена со цел масовно прислушкување на македонските граѓани? – праша Петрушевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот