СДСМ: Позитивно е што Мицкоски најавува дека ВМРО-ДПМНЕ се откажува од идејата за бојкот на пописот

СДСМ. / Фото: Слободен печат

Позитивно е што Христијан Мицкоски најавува дека ВМРО-ДПМНЕ се откажува од идејата за бојкот на пописот закажан за април оваа година и СДСМ тоа го поздравува, се вели во реакцијата на владеачката партија.

– Очекуваме дека разумот ќе преовладее кај сите и дека по цели 19 години, Република Северна Македонија ќе спроведе попис без мешање на политиката, согласно стандардите и праксите на Евростат и Обединетите Нации, нагласуваат од СДСМ.

Пописот е важна статистичка операција, истакнуваат социјалдемократите, за прибирање на целосни, точни и релевантни податоци кои се основа за градење на стратегии и политики за натамошен развој на државата, на економијата и на општеството.

– Секоја политичка партија има обврска пред граѓаните да ги поддржи процесите за државата и институциите да добијат точни податоци за структурата на населението и на домаќинствата, демографски податоци за општините и регионите, а тоа е возможно само со спроведен попис согласно сите меѓунардони стандарди, потенцираат од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот