СДСМ: Младите не сакаат обнова на режимот и изолација, знаат дека зад маската на Мицкоски се крие Груевски

Ви го пренесуваме во целост соопштението на СДСМ:

„Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ ниту пак кај Христијан Мицкоски. Лаги, манипулации, лицемерен патриотизам, тоа е матрицата на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму поради ВМРО-ДПМНЕ над 600 илјади млади се иселија. Токму поради режимот на Груевски младите беа под притисок, нашата држава беше изолирана и без извесна европска иднина, граѓаните осиромашуваа, економијата тонеше, а наместо правда имаше неправда.

Младите не сакаат обнова на режимот, изолација, неизвесност, несигурност, враќање назад

Младите се за напредокот, интеграцијата, сигурноста и стабилноста што ги донесе СДСМ.

Благодарение на вистинските младински политики, младите денеска се партнери во нивното креирање.

Нашата држава е единствена земја во регионот којашто не е членка на ЕУ, а ја ја спроведува Гаранцијата за млади, мерка преку која се вработија 1.839 млади лица а дополнителни 4.100 млади добија можност за доедукација.

За само две и пол години отворени се 54.000 нови работни места а од нив 54 отсто се вработени млади.

Преку младинската европска картичка, младите имаат низа поволности и можности во повеќе дејности, како угостоителство, транспорт, културни и спортски настани.

424 млади земјоделци добија грантови од 10 илјади евра за инвестиции во земјоделството и  вложивме над 34 милиони денари во подобрување на ИТ вештините кај младите.

За прв пат носиме Закон за млади кој е веќе во процедура.

Младите знаат. Зад маската на Мицкоски се крие вистинскиот Никола Груевски.

Младите не сакаат обнова на режимот и затоа на 12 април гласно ќе изберат напредок, сигурност, стабилна иднина во НАТО и ЕУ што ги нуди СДСМ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот