СДСМ: Мицкоски призна дека градоначалниците правеле злоупотреби со осветлението, да каже кои се

СДСМ партиска зграда Фото: "Слободен печат", Драган Митрески

Владејачката СДСМ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а соопштението го пренесуваме во целост:

Со невешти оправдувања, Христијан Мицкоски денеска призна дека дел од општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ направиле злоупотреба, формирајќи јавни претпријатија преку кои електричната енергија за улично осветлување од ЕВН ја добиваат по цена за домаќинства.
Мицкоски треба да знае дека АД ЕСМ произведува електрична енергија за граѓаните и стопанството, а не за неговите градоначалници да прават малверзации со струјата на штета на граѓаните.
Преку одговорен пристап АД ЕСМ ја надминува енергетската криза, без притоа да има какви било рестрикции или драстично зголемување на цената како што беше случај со некои држави во регионот и Европа.
Наместо да ги правда, ВМРО-ДПМНЕ да ги каже општините каде неговите градоначалници преку злоупотреби го прекршиле законот и на тој начин предизвикуваат поголемо покачување на цената на електричната енергија.
Голема е нервозата на Мицкоски откако се откри дека негови градоначалници го изиграле законот за да обезбедат поевтино улично осветлување, но и откако се откри дека негови соработници и членови на ВМРО-ДПМНЕ преку малверзации со земјиште каде се проневерени 1,6 милион евра, па затоа се заканува со тужби.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски останува партија на криминал, малверзации и дејствување на штета на граѓаните и државата.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот