СДСМ: Да не беа блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, досега болниците ќе беа подобро опремени и подготвени за есенскиот бран

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од почеток на пандемијата со коронавирусот глуми дека се грижи за здравјето на граѓаните, се однесува неконструктивно, прави опструкции и ги критикува и кочи сите напори за справување со најголемата здравствена и економска криза, што го зафати целиот свет, реагираат од владејачката СДСМ, откако денеска ВМРО-ДПМНЕ побара оставки од Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Венко Филипче. 

-Ако на ВМРО-ДПМНЕ му беше важно здравјето на граѓаните, немаше со недели да го кочи донесувањето на новите мерки за превенција на ширењето на смртоносниот вирус. Со одолговлекување на мерките, кои се исти и слични како во голем број држави ВМРО-ДПМНЕ го загрози здравјето на сите граѓани. Ако на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ им беше важно здравјето на граѓаните немаше преку заменичката министерка за финансии во техничката влада да го кочат заемот од Светска банка за опремување на болниците. Да не беа нивните блокади, досега болниците ќе беа подобро опремени и подготвени за есенскиот бран- велат од СДСМ.

Лицемерниот Мицкоски, велат оттаму, глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а постојано организира јавни собири кои се опасни по јавното здравје и на кои масовно се кршат мерките за заштита од коронавирусот.

-Губитникот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го доведуваат во опасност јавното здравје и не нудат конкретни решенија за надминување на здравствената криза. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ не им нуди ништо, освен режим, заштита на криминалот, шпекулации и невистини и затоа ги казнија во три последователни изборни циклуси. Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција- стои во нивниото соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата и Филипче да си дадат оставки, хронично болните се на удар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот