СДСМ: Чулев со невистини се обидува да ја вознемирува јавноста

Техничкиот министер за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев денеска повторно преку невистини, преку непрецизни и нецелосни информации се обидува да ја вознемирува јавноста, регираат од владејачката партија СДСМ.

-По прес-конференцијата со право се поставуваат дилемите дали Чулев денеска излезе со претпоставки или со докази за како што вели тој наводно нелегално прислушување? Дали за ова е известен Советот за безбедност и дали оваа тема се отворила на некоја од затворените владини седници? Дали Чулев денеска имаше прес-конференција само за да го има во медиумите или навистина располага со некакви сомнежи за злоупотреби? Чулев мора да знае дека се што ќе каже во јавноста мора да подлежи на сериозни аргументи, а не претпоставки и нецелосни факти и на крајот наместо да држи празни и конфузни прес-конференции со кои го повикува Обвинителството, да се обрати до Обвинителството со равните механизми што ги има како министер- стои во соопштението.

Како што јавно соопшти и Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на следењето на комуникациите во мрежите на операторите и нема техничка можност самостојно и независно да активира и да врши следење на комуникации во мрежите на телекомуникациските оператори без посредство на Оперативно техничката агенција.

Истовремено, велат оттаму, согласно Законот за Оперативно техничката агенција, оваа Агенција е самостоен државен орган кој што овозможува техничка поврзаност помеѓу операторите и органите овластени за следење на комуникациите.

-Реформите во безбедносните служби беше врвен приоритет на владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ. Нивното усвојување обезбеди професионализација на безбедносните служби, што беше поздравено и од страна на нашите пријатели во ЕУ. За потсетување, за овие важни закони гласаа и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а дополнително, на чело на Комисиите за надзор се пратеници од редовите на опозицијата. Јавноста памети дека токму партијата која стои зад Чулев, ВМРО-ДПМНЕ со години го злоупотребуваше безбедносно-разузанвачкиот сектор за масовно нелегално следење на комуникациите на над 20.000 граѓани. Денес, тоа е минато, денес, следењето на комуникациите од страна на безбедносните служби е целосно согласно законите и доколку се појави било каков сомнеж за некаква злоупотреба институциите веднаш треба да реагираат- стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот