Самоопределување го предложи Курти за мандатар на новата косовска Влада

Факсимилот од документот го објави прПредлогот за мандатар Самоопределување го доставило до претседателот Хашим Тачи, по неколкуте негови повици или да предложат мандатар или да го информираат дека се откажуваат од таа позиција.иштинската телевизија Клан Косова.

Движењето Самоопределување, партијата која освои најмногу гласови на октомвриските избори на Косово, денеска го предложи лидерот на партијата Албин Курти за мандатар за формирање на новата Влада.

Факсимилот од документот го објави приштинската телевизија Клан Косова.

Предлогот за мандатар Самоопределување го доставило до претседателот Хашим Тачи, по неколкуте негови повици или да предложат мандатар или да го информираат дека се откажуваат од таа позиција.

Приштинскиот весник „Газета Експрес“ пишува дека предлогот Курти да биде мандатар му се доставува на Тачи.

Движењето Самоопределување на Курти нема мнозинство во парламентот за да може самостојно да формира влада, а засега нема ниту информации дека повеќемесечните преговори со второпласираниот Демократски сојуз на Косово, дадоа некаков резултат за постизборна коалиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот