Само еден играч имаше повеќе победи против Леброн, Џордан и Коби! (ВИДЕО)

фото: твитер

Станува збор за легендарниот Чонси Билапс кој најголемите успеси во НБА лигата ги имаше со екипата на Детроит Пистонс.

Мајкл Џордан, Коби Брајант и Леброн Џејмс се едни од најдобрите кошаркари во историјата, а само еден играч успеа да запише подобар меѓусебен учинок против нив, станува збор за легендарниот Чонси Билапс.

Против Џордан триумфираше во шест од 10 натпревари (дебитираше во НБА лигата во 1997 година со 15 поени во победата над Булси), потоа против Брајант имаше учинок 24-21, а против Џејмс собра пет победи повеќе (22-17).

Во својата НБА кариера Билапс одигра 17 сезони, во дресот на Бостон, Торонто, Денвер, Минесота, Детроит, Њујорк и Лос Анџелес Клиперс.

Петкратниот „Ол-Стар“ играч најдобро играше за Пистонси од 2002 до 2008 година. Во 2004 беше и МВП во финалето во кое Детроит со 4:1 беше подобар од Лејкерси. Во просек Билапс имаше 21 поен, пет асистенции и три скока по меч во финалната серија.

Со репрезентацијата на САД успеа во 2010 година на Светското првенство во Турција да го освои златниот медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот