Салах за соиграч има сексуален предатор
Фудбалерот на ПАОК, Амр Варда е исфрлен од репрезентацијата на Египет која настапува на Африканскиот куп на нации, откако две девојки на социјалните мрежи објавија компромитирачки фотографии но и заканувачки пораки кои фудбалерот им ги праќал преку „Ватсап“.
https://twitter.com/SangreDeLeyenda/status/1143692079706464256
Една од девојките кои во јавност ги изнесоа деталите, тврди дека Варда зедно со уште двајца неименувани фудбалери од египетската репрезентација ја повикале во хотелска соба.
„Кога го одбив предлогот, тие станаа агресивни. Варда се однесуваше одвратно“ напиша девојката.
https://twitter.com/SangreDeLeyenda/status/1143692079706464256
Во меѓувреме се појави уште една девојка со пораки со слична содржина во кои колегата на Мохамед Салах од репрезентацијата, и праќал фотографии на кои тој е гол, а потоа и испраќал и заканувачки пораки.
„Тој не е нормален, тој е сексуален предатор. Најлоѓата работа што сум ја направила во животот е што се средував за Амр Варда. Тој со месеци ме злоставуваше и ми се закануваше. Морав да глумам дека ми се допаѓа, бидејќи кога беше лут се однесуваше насилно. Потоа му реков: Тоа што си познат не значи дека сакам да го видам твојот пенис“, изјави втората девојка.
По овие обвинувања, Египетската фудбалска федерација веднаш го исфрли Варда од репрезентацијата.