Сака да јаде говедска опашка: Погледнете го списокот на желби на Ерос Рамацоти за концертот во Скопје

Ерос Рамацоти

Најголемата италијанска поп-ѕвезда Ерос Рамацоти на крајот на месецов, односно 30 септември ќе одржи за првпат голем концерт во нашата метропола.

И се разбира како и сите светски ѕвезди и неговиот менаџмент испратил список на желби на познатиот пејач кои мораат да бидат исполнети.

Една од желбите е дека мора да се гледа некој посебен канал кој го емитува фудбалскиот тим додека игра натпревар или за време на тренингот. Тоа е тимот кој тој го купи неодамна, а кој се уште игра во непрофесионална лига.

– Ерос сака антена во бекстејџот. Потребно му е да гледа некој канал на кој се емитува неговиот фудбалски клуб. Ерос толку многу сака фудбал што купи мал тим кој игра во непрофитабилна категорија. Член е на Националниот фудбалско представништо на пејачи и актери кои играат пријателски натпревари за хуманитарни цели – открива изворот.

– Што се однесува до храната, тој доаѓа со свој готвач. Ерос обожава да јаде говедска опашка. Кога е стајлингот во праање, на концертот ќе носи или „Салватор Ферагама“ или пак „Армани“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот