САД: Уште еден конгресмен позитивен на коронавирус по минатонеделниот напад на Капитол

Американскиот конгресмен Андријан Еспајлат е позитивен на коронавирус, со што стана четврти член на Конгресот што се зарази по насилниот упад во американскиот Капитол минатата недела.

„Ги следам упатствата на мојот лекар и сум во домашен карантин по позитивниот тест за Ковид-19″, напиша Еспалајт на Твитер.

Тој е уште еден конгресмен заразен со коронавирус, а демократите ги обвинуваат републиканците дека не носеле маски додека се криеле во безбедна просторија на 6 јануари кога насилните приврзаници на републиканскиот претседател Доналд Трамп упаднаа во Капитол.

Но, досега само демократите пријавија инфекција со коронавирус.

Претходно, демократските конгресмени Прамила Џајапал и Бони Вотсон Колман пријавија дека се позитивни на коронавирус.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот