САД ѝ даваат пари на Македонија за борба со Ковид-19: Колку ќе добијат земјите од регионот?

Фото: Архива

САД издвоија речиси 508 милиони долари за борба против пандемијата со коронавирусот во светот, од кои за Македонија се наменети 1,1 милион долари, соопшти Стејт департментот, пренесе Танјуг.

Кога станува збор за земјите од регионот, во соопштението се наведува дека помошта за сузбивање на пандемијата за БиХ изнесува 1,2 милиони долари, колку и за Албанија, Србија ќе добие 1,2 милиони долари, а Бугарија и Грција по 500.000 долари. Црна Гора добила 300.000 долари американска помош.

Што се однесува до Косово, Стејт департментот укажува на помош од САД во износ од 1,1 милион долари за подготовка на лабораторискиот систем, поддршка на експертите за дејствување, како и подобрување на комуникацијата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот