Сѐ повеќе американски држави го усвојуваат законот за забрана на абортус

Прво Алабама, Алабама,  а сега и американската сојузна држава Мизури усвоија закон за забрана на абортусот, пренесуваат тамошните медиуми.

Законот, со кој на жените им се забранува да абортираат по осмата недела од бременоста, лесно помина во Сенатот на Мизури, со кој раководат републиканци.

Законот, иако е сличен со тој во Алабама, сепак има исклучоци според кои абортус може да се изврши и после осмата недела, само во исклучителни случаи, односно поради медицински причини.

Американските медиуми коментираат дека САД ги зафатила „епидемија” на усвојување закони со кои на жените им се забранува да абортираат, дури и ако се силувани.

До сега такви закони усвоиле американските сојузни држави Кентаки, Мисисипи, Охајо, Џорџија, а пред Мизури тоа го направи и Алабама, чија гувернерка денеска стави потпис на законот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот