Сѐ повеќе Албанци бараат азил во земјите на ЕУ

Во првите месеци од 2019 година се бележи зголемување на бројот на барателите на азил во Европската Унија.

Илјадници граѓани од Венецуела, Колумбија но и од Албанија, побараа азил во ЕУ.

Бројот на новите баратели на азил во Европската унија, значително се зголеми во првите месеци од 2019 година, пишува новинската агенција ДПА, пренесува Дојче веле на албански јазик.

Ова е последица на кризата во Венецуела. Предупредувачкиот Систем на ЕУ, кој дава податоци за првите четири месеци од оваа година, забележува дека 206.500 барања за азил се регистрирани во овој период, во споредба со 179.000 во истиот период од минатата година.

Податоците се објавени од страна на Европскиот орган за азил, ЕАСО.

Во исто време, е зголемен бројот на барања за азил и од земјите чии граѓани влегуваат во Шенген зоната без виза. Меѓу нив се Венецуела, Колумбија, Албанија и Грузија.

Според извештајот на „Функемедиен -Группе“, бројот на баратели на азил од Венецуела се зголемил за 121% во првите четири месеци од оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот