Руските власти присилно ќе хоспитализираат Русинка која избегала од карантин

Фото: Профимедиа

Судот во Санкт Петербург денеска нареди присилна хоспитализација на руска државјанка која избегала од изолација.

На жената и била одредена изолација по престој во Кина во ек на епидемијата на коронавирусот.

Русинката Але Илине (33) била хоспитализирана на 4 февруари во Санкт Петербург откако се пожалила на болки во грлото по враќање од одмор во Кина.

По три дена изолација, жената ја разбила електронската брава на вратата од болничката соба во која престојувала по што деталите од бегството ги објавила на Инстаграм.

Управата на болницата поднесе тужба против пациентката, барајќи присилно да биде вратена во изолација.

Во Русија двајца заразени од новиот вирус минатата недела се пуштени од болница и од тогаш не се пријавени нови случаи. Еден од заразените е кинески државјанин.

Руските власти презедоа драстични мерки за превенција за да се спречи ширењето на вирусот од кој до денес починаа 1.765 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот