Руската војска го зазеде стратешкиот град Лиман

Игор Конашенков
Игор Конашенков / EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Претставникот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков изјави денеска дека вооружените сили на Руската Федерација и самопрогласената Народна Република Доњецк презеле целосна контрола врз стратешкиот град Лиман во источниот дел на Украина.

Изјавата доаѓа откако вчера проруските сили на самопрогласената Народна Република Доњецк соопштија дека воспоставиле целосна контрола врз Лиман.

Украинските и руските сили се бореа неколку дена за контрола врз градот Лиман.

Лиман е важен железнички центар и пристапна точка до важни железнички и патни мостови преку реката Сиверски Доњец.

За Лиман утринава на Твитер се огласи и британското Министерство за одбрана, кое соопшти дека градот е окупиран од руските сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот