Русите ги преместиле моштите на Потемкин од Херсон, го однеле и неговиот споменик

Фото: Твитер

Руските окупатори ги однеле посмртните останки на легендарниот руски кнез, војсководец и штитеник на царицата Катерина Велика, Григориј Александрович Потемкин, заедно со неговиот споменик, од катедралата „Света Катерина“ во окупираниот украински град Херсон, објави Владимир Салдо, прорускиот сепаратистички лидер на регионот, кој Русија го анектираше минатиот месец.

„Го преместивме споменикот на Ушаков (Фјодор Ушаков, адмирал на Руската империја). Го однесовме на левиот брег (на реката Днепар) и посмртните останки на преподобниот принц (Григориј Потемкин), кои беа складирани во катедралата Св. Катерина. На левиот брег ги транспортиравме и спомениците на Потемкин, Суворов и Маргелова. Тоа се светилиштата што мислам дека мора да ги зачуваме“, рече тој.

Тој додаде дека Потемкин сега е поставен така што „да го види не само градот Херсон, туку и целиот регион“, но додаде дека спомениците во иднина ќе бидат вратени во градот.

На социјалните мрежи беа објавени слики од празниот постамент каде досега стоел споменикот на Потемкин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот