Русија реципрочно протерува седум дипломати од Словачка и од балтичките држави

Двајца вработени во Амбасадата на Литванија, тројца од Амбасадата на Словачка, како и еден вработен во дипломатските мисии на Летонија и на Естонија мора да ја напуштат Русија во рок од една недела, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

– Одлуката на словачките власти да покажат лажна солидарност со Чешка во нејзината провокативна антируска кампања традиционално ги нарушува руско-словачките пријателски односи и конструктивната билатерална соработка, се наведува во соопштението на руското МНР.

Минатата недела балтичките земји во знак на солидарност протераа руски дипломати, а официјална Москва најави реципрочни мерки.

Чешка минатата недела ја обвини Русија за учество во експлозија во магацин за муниција во Врбетице во 2014 година, при што загинаа две лица. Меѓу осомничените се Александар Петров и Руслан Боширов, кои Лондон ги бара за труењето на поранешниот руски разузнавач Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Кремљ таквите обвинувања ги оцени како безобразни и неосновани.

По обвинувањата, Прага протера 18 вработени во Амбасадата на Русија, а Москва одговори со тоа што 20 вработени во чешката дипломатска мисија ги прогласи за персона нон грата, што е речиси две третини од персоналот. Руски дипломати по различни поводи беа протерани од САД, Бугарија, Украина, Полска и Романија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот