Русија и ОАЕ потпишаа договор вреден 1,4 милијарди долари

Фото: Принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска беше во посета на Обединетите Арапски Емирати за време на која двете земји потпишаа договор вреден 1,4 милијарди долари.

– Инвестициите ќе бидат направени во областа на петрохемијата, транспортот и медицината. Проектите вредат околу 1,4 милијарди американски долари и опфаќаат широк спектар на различни индустриски гранки – рече Путин на средбата со бизнисмени од двете земји.

Путин рече дека Москва ја поздравува инвестицијата на Обединетите Арапски Емирати во руската економија и потсети дека Фондот Мубадала Емирејт е еден од првите партнери на Рускиот фонд за директни инвестиции и дека тие веќе имаат спроведено повеќе од 45 проекти во вредност од 2,3 милијарди американски долари.

– Враќањето на овие инвестиции е значајно, тие понекогаш се трипати повисоки од светските стандарди – додаде Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот