Русија го презема приматот на пазарот со обоени дијаманти

Еден од најголемите руски производители на дијаманти, „Алроса“, ќе го преземе водството на пазарот со обоени дијаманти, откако наскоро ќе се затвори австралискиот рудник Аргајл.

Имено, овој австралиски рудник во моментов е најголем производител на ваков вид скапоцен камен и неговото затворање е предвидено за втората половина од оваа година затоа што, по повеќе од 30 години експлоатација, неговата понатамошна работа е економски непрофитабилна, известува „Раша тудеј“.

Неговото затворање се очекува да има влијание врз целата глобална индустрија на дијаманти, како и да ја направи Русија главен снабдувач на скапоцени камења.

– По затворањето на рудникот Аргајл, ќе станеме најголемиот производител на обоени дијаманти во светот и ќе ја заземеме водечката позиција на пазарот за овие скапоцени камења“, рече извршниот директор на „Алроса“, Павел Виникин.

Прочитајте и...  Јанушев: На Николовски требаше да му биде незгодно и срам кога со Заев се колнеа дека нема да го менуваат Уставот

Тој објасни дека неговата компанија поседува неколку производители на обоени дијаманти, како што се Севералмаз и Алмази Анабара.

Патем, Алмази Анабара е познат по откривањето на розовиот дијамант од 14,83 карати со назив „Духот на розата“, кој би можел да стане најскапиот скапоцен камен во Русија.

Прочитај повеќе

СДСМ: Дурловски по третпат избега од дебата со Шекеринска

Слободен печат

Доверливиот материјал пристигна, право на глас во Куманово имаат 92.167 гласачи

Слободен печат

Стојаноска: Македонија ќе биде вратена во топ 10 земји во светот во водење на бизнис (ВИДЕО)

Слободен печат

Чулев: Ќе побарам помош од војската за запирање на влезот на мигранти

Слободен печат

Во Индија над 800 илјади луѓе заразени со Ковид-19

Слободен печат

Нема опасност по населението на Гевгелија, 13 мигранти се тестирани за ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Мицотакис му изрази поддршка на Вартоломеј за Света Софија

Слободен печат

Павле Трајанов: Без договорите со Грција и Бугарија далеку ќе бевме и од НАТО и од ЕУ

Слободен печат

Орбан го поддржа Мицкоски: Би сакале како победник да го видиме ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Слободен печат

Во Албанија расте бројот на заразени со Ковид-19

Слободен печат

Шахпаска: Не молчете кога е ваш ред да зборувате, секој глас е одлука (ВИДЕО)

Слободен печат

Чулев ги поздрави Турците на турски јазик (ВИДЕО)

Слободен печат