РСБСП: Биди горда што возиш безбедно

Фото: РСБСП

Жените се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата, и како пешаци и како возачи. Повеќе истражувања укажуваат дека тие имаат одлични компетенции за управување со моторно возило, дека возат внимателно, паркираат совесно и ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а се истакнуваат и со способноста за планирање на патувањата земајќи предвид бројни околности што можат да влијаат врз безбедното возење.

Но, и покрај бројните примери за жени кои се успешни во сите сфери на општественото живеење, дел од жените-возачи се чувствуваат несигурни во сообраќајот. Ова пред сѐ се однесува на ситуации во врска со одржувањето на возилото во исправна состојба, несакани дефекти за време на возењето, личната безбедност и сл.

Според податоците од статистиката, жените возат одговорно и ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, па оттаму не зачудува податокот дека тие поретко предизвикуваат сообраќајни незгоди. Интересно е и тоа што жените-возачи поретко практикуваат брзо возење, нагло забрзување или возење под дејство на алкохол. Сепак, и покрај ова, статистиката покажува дека значително е поголема веројатноста жените да бидат повредени во сообраќајни незгоди.

Затоа РСБСП повикува на внимателност кај секој учесник во сообраќајот, а во пресрет на празникот 8 Март на жените-возачи им препорачува:

• да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,
• да се грижат за сите учесници во сообраќајот,
• почесто да ја проверуваат исправноста на возилото,
• да бидат пример за издигнување на безбедноста во сообраќајот на повисоко ниво.

Претседателот на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска со апел:
Возете одговорно и безбедно, за вас и за вашите најблиски. Покажете дека сте успешни во семејството, на работно место и во сообраќајот на патиштата. Честит 8 Март!

Комерцијален текст 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот