Роналдо можеби направи хаос во фудбалот: Португалецот може да зарази играчи од дури 25 екипи

epa08736601 France players Raphael Varane (L) and Presnel Kimpembe (R) fight for the ball with Cristiano Ronaldo of Portugal during the UEFA Nations League soccer match between France and Portugal at Stade de France, Paris, France, 11 October 2020. EPA-EFE/MANUEL ALMEIDA

Португалецот е позитивен на коронавирус, а оваа вест предизвика шок во речиси цела фудбалска Европа.

Фудбалска вест број еден денеска е Кристијано Роналдо кој е позитивен на коронавирус поради што може да се соочи со истрага поради неодговорност и избегнување на правилата за карантин, а таа негова недисциплина може да има страшни последици.

Не само по него и неговото здравје, туку еветуалните последици може да ги почувствуваат најголемите екипи во Европа. Причината за тоа е неделниот натпревар помеѓу Франција и Португалија во Лигата на нации во кој Роналдо ги одигра сите 90 минути. Проблемот е во тоа што сите фудбалери по натреварот сакаа да се поздрават и да разменат некој збор со него, а младиот играч на Рен, Едуардо Камавинга на социјалните мрежи се пофали дека го добил дресот на Кристијано Роналдо и нема никогаш да го испере.


На неделниот натпревар помеѓу Франција и Португалија настапија фудбалери кои играат во дури 25 екипи од седум европски лиги. На теренот беа играчи од најсилните пет европски лиги, ткн. „Лига петка“ како и Рубен Семедо од Олимпијакос и неколку играчи на Порто.

Роналдо и репрезентативци на Португалија/фото Инстаграм

Најголем страв има во Премиер лигата бидејќи Роналдо беше во контакт со играчи на Арсенал, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челси, Тотенхем, Евертон, Вулверхемптон и Лестер, додека во шпанската Ла Лига стравуваат екипите на Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Севиља и Гранада.

Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Лајпциг и Ајнтрахт стравуваат кога станува збор за Бундеслигата, а од француската Лига 1 имаше фудбалери кои играат во ПСЖ, Рен, Олимпик Марсеј и Лил.

Антоан Гризман, Пол Погба, Нголо Канте, Рафаел Вара, Уго Лорис, Рубен Диаш, Жоао Феликс, Бруно Силва се дел од фудбалерите кои играа на неделниот натпревар и ќе мора да се тестираат за да се уверат дека не се позитивни на ковид-19.

Дополнителни проблеми за Кристијано Роналдо му прават и италијанските власти кои отворија истрага против него и уште шест играчи поради прерано заминување од изолација.

Роналдо и дел од играчите на Јувентус излегоа од задолжителниот карантин порано и без дозвола за да играат за своите репрезентации, по што италијанското обвинителство отвори истрага и доколку станува збор само за прекршок ќе поминат со казни од 1.000 евра, но доколку има елементи на кривично дело тогаш ќе се отвори судски процес и тука се можни дури и затворски казни.
Освен Роналдо, карантинот предвреме го напуштија и Бентанкур, Квадрадо, Данило, Дибала, Буфон и Демирал.

Кристијано Роналдо позитивен на коронавирус

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот