Романот „Ѕиркачот“ на Александар Прокопиев е преведен во Словенија

Фотографија: Прозарт медија

Во издание на Форумот на словенските култури од Љубљана излезе словенечкиот превод на книгата „Sиркачот“ на Александар Прокопиев. За преводот се погрижи Роберт Суша, а предговорот е на Намита Субиото.

Редовната професорка на Катедрата за македонски јазик и литература, непресушен толкувач и афирматорка на македонските автори, д-р Субиото го означува Прокопиев како еден од најинтересните современи македонски прозаисти, чиј јунак во романот бега од „транзицискиот трулеж“, „од амбисот на малодушноста градејќи го својот минимундус на имагинарна слобода“.

Форумот на словенските култури ги вмрежува и поврзува книжевностите на 13 словенски литератури во едицијата „100 словенски романи“. „Шпегавец“ (Ѕиркачот) е трета книга на Прокопиев преведена на словенечки јазик, по „Пловидба кон Југ“ (2008, „Апокалипса“, превод: Намита Субиото) и „Делфин“ (2020, „Апокалипса“, превод: Тим Сенчар).

Романот „Ѕиркачот“ од Прокопиев на македонски јазик е објавен во 2007 година, известија од „Прозарт медија“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 175, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 21-23.4.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот