Романија ќе ги казнува шпекулантите на пазарот на струја и гас, ќе плаќаат високи казни и поголеми давачки

Фото: Профимедиа

Романската влада минатата недела објави дека размислува за воведување данок на дополнителната заработка на сите компании во синџирот на снабдување со енергија, барајќи дополнителни извори на приходи за финансирање на помош за граѓаните и малите бизниси поради високите сметки за енергија.

Сметките за гас и струја се ограничени на одредено ниво на месечна потрошувачка, а државата им ја надоместува разликата на добавувачите.

Програмата вчера била продолжена за пет месеци, до крајот на август следната година, но Владата го намалила нивото на потрошувачка што гарантира 15 отсто пониска цена.

Тие најавија и фонд за енергетска транзиција што ќе се финансира од даноците на производителите и трговците на енергија и гас.

Најавија и глоба во висина од пет отсто од прометот доколку се утврди дека преку последователни трансакции ги надувале цените на енергенсите.

„Мерките ќе ги спречат шпекулациите на пазарите на електрична енергија и природен гас“, рече романскиот премиер Николае Чиука.

Изменетата програма за поддршка ќе чини вкупно 12 милијарди леи, а трошокот ќе се компензира со нов данок, изјави министерот за финансии Адриен Качиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот