Ројтерс: Историска грешка – Франција на удар во ЕУ поради блокирање на надежите на Балканот

Фото: МИА

Високи претставници на Европската Унија, загрижени поради засиленото влијание на Кина и на Русија на Балканот, ја обвинија Франција дека прави „историска грешка” со одбивањето да се одобри почеток на преговори на Македонија и Албанија.

Македонија, Албанија и четири балкански држви – Босна, Косово, Црна Гора и Србија, се обидуваат да пристапат кон најголемата трговска унија, по етничките војни во 90-те години што доведоа до распаѓање на Југославија, коментира Ројтерс.

Меѓутоа, иако 28-те земји-членки го гледаат како неизбежно членството на Балканот во ЕУ, францускиот претседател Емануел Макрон го блокираше стартот на преговорите со Македонија и Албанија, во шестчасовната емотивна дебата на ЕУ Самитот, наведува агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот