Роеви пустински скакулци ги опустошија пакистанските полиња (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Пакистанските власти прогласија вонредна состојба поради роевите на пустински скакулци кои ги јадат посевите, додека загриженоста поради недостатокот на храна расте.

– Се соочуваме со најлошиот напад на скакулци во повеќе од две децении и одлучивме да прогласиме вонредна состојба за да се избориме со заканата – изјави вчера министерот за информации Фирдоус Ашик Аван.

„Се сомневам дека оваа година ќе можеме да произведеме 27 милиони тони жито“, рече за агенцијата ДПА Нисар Каскали, земјоделец и член на Земјоделската комора Синдх.

Властите се борат против нападот на пустинските скакулци поради ограниченото финансирање.

Инсектите кои се хранат со посевите влегоа во Пакистан во јуни и уништија големи површини долж југозападниот округ, а притоа пустошеа полиња со памук, пченица, пченка и други посеви.

Роевите патувале дури од јужната провинција Синд до западната провинција Кибер Пактунква.

Погодните временски услови и доцниот одговор на властите им овозможија на скакулците да се размножуват и од пустините да се населат на полињата и во блиските градови.

Во прилог, видео од пред извесен период кога Пакистан го имаше истиот проблем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот