РКЕ: Снабдувањето со гасот во Македонија зависи од одлуките на Русија

Регулаторна комисија за енергетика/Фото: Слободен печат

Цевководот што минува низ Бугарија може да служи како транзитен вод за Северна Македонија со што има техничка можност за непречен проток на природен гас кон земјава, порачуваат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), во врска со најавите од страна на Русија за стопирање на испораката на природниот гас кон Бугарија и дали тоа ќе се одрази во снабдувањето на земјава.

Од РКЕ посочуваат дека состојбата е комплексна и зависи од одлуките што ќе ги донесе Русија.

– Според достапните информации со кои располагаме, „Макпетрол”, кој е долгогодишен трговец со природен гас, ги има подмирено обврските кон „Газпром” навреме, што  подразбира стабилна испорака на природен гас. Сепак, состојбата е комплексна и континуирано се следи и зависи од одлуките што Русија ќе ги донесе – дали ќе ја прошири листата на земји кон кои ќе ја стопира или ограничи испораката на природен гас, велат од РКЕ.

Од Комисијата нагласуваат дека во континуитет ја следат состојбата на пазарот со енергенси и во време на енергетска криза секојдневно се обезбедуваат информации од сите чинители на пазарот и упатуваат на нашата легислатива која согласно членот 13, став 7 од Правилата за снабдување со природен гас, потрошувачот е должен „да обезбеди услови за користење на алтернативна енергија” во случај да нема природен гас.

– Што значи дека сите кои користат природен гас се должни да имаат алтернативно гориво како што е мазут, ТНГ, компримиран природен гас или екстра лесно гориво, порачуваат од РКЕ.

ВИДЕО | Андоновиќ: Воена и гасна офанзива на Русија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот