Ристовски асистент, Адеми стрелец, Динамо до победа против Вараждин на Митровски

Фото: Динамо Загреб

Динамо загреб предводен од македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми стигна до побед на гости кај Вараждин со 3:1.

За капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски ова беше прва асистенција во вториот дел од сезоната. Ристовски во листат ана асистенти се зашиша на стартот од вториот дел кога погоди Иванушец кој во продолжение постигна и втор гол.

Аријан Адеми откако минатата недела поради температура беше отсутен во игра влезе во 80-тата минута, а само шест минути по влегувањето постигна гол по асистенција на Бруно Петковиќ. Димитар Митровски на спротивната страна за Вараждина заигра во 72-минута.

За Динамо ова беше 16-та победа во сезоната и со 52 бода има пет повеќе од Хајхдук кој денес игра против Горица и е голем фаворит.

Головите од натпреварот можете да ги погледнете – ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот