Резултати од второто запишување и слободните места во јавните средни училишта ќе бидат објавени утре

Скопје, 16 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат

Во земјава во учебната 2020/2021 година во деветто одделение завршија вкупно 19.297 ученици. За целосен опфат на сите ученици со Конкурсот се обезбедени доволен број на слободни места и тоа: 25.932 на македонски наставен јазик, 8.865 на албански наставен јазик, 1.088 на турски наставен јазик и 34 на српски наставен јазик, односно вкупно 35.919 ученички места во сите јавни средни училишта во државава, соопшти Министерството за образование и наука. Второто пријавување и запишување на учениците, информираат оттаму, почна вчера, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават утре.

Слободни места за второто пријавување има за вкупно 23 581 ученик од кои: 15 445 слободни места за настава на македонски, 7 280 слободни места за настава на албански, 822 слободни места за настава на турски, 32 слободни места на српски наставен јазик и две слободни места за повторувачи.

Слободни места по вид на образование за второ пријавување има: во гимназиско образование 5 945 од кои – 3 465 за ученици на македонски, 2 133 за ученици на албански, 315 за ученици на турски, 32 за ученици на српски наставен јазик; во стручно образование 17 313 слободни места од кои – 11 798 за ученици на македонски, 5 006 за ученици на албански, 507 за ученици на турски наставен јазик и две слободни места за повторувачи.

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.

Првото пријавување и запишување на учениците се реализираше во деновите 16, 17, 18 и 19 јуни 2020 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места се објавија на 19 јуни 2020 година. Во средните училишта во кои се реализираат наставни планови и наставни програми за уметничко образование квалификационото тестирање се реализираше на 17 и 18 јуни 2020 година.

Квалификационото тестирање се организираше на 22 јуни 2020 година во СУГС „Д-р Панче Караѓозов” – Град Скопје (за стручно образование – здравствена струка за образовниот профил медицинска сестра на албански наставен јазик), во СОУ „Димитар Влахов” – Струмица (за стручно образование – здравствена струка за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик) и во СОУ „Ѓорче Петров” – Прилеп (за стручно образование – здравствена струка за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик). Училиштата СУГС „Д-р Панче Караѓозов” – Град Скопје и СОУ „Ѓорче Петров” – Прилеп во кои се реализираше квалификационо тестирање, конечните ранг листи ги објавија на 23 јуни 2020 година.

Од доставените прегледи на јавните средни училишта за бројот на пријавени и запишани ученици во првото пријавување, како и бројот на слободни места за второто пријавување добиени се следните податоци: Во првото пријавување вкупно се пријавиле 16 994 ученици од кои: 11 665 ученици за настава на македонски, 5 012 ученици за настава на албански, 310 ученици за настава на турски, четири ученици за настава на српски јазик и тројца повторувачи.

По првото пријавување вкупно се запишале 12 622 ученици од кои: 9 517 ученици за настава на македонски, 2 936 ученици за настава на албански, 164 ученици за настава на турски, двајца ученици за настава на српски наставен јазик и тројца повторувачи.

Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се вкупно: 4 741 ученик во гимназиско образование од кои – 3 609 ученици на македонски, 1 037 ученици на албански, 93 ученици на турски и двајца ученика на српски наставен јазик; 7 353 ученици во стручно образование од кои – 5 424 ученици на македонски, 1 855 ученици на албански, 71 ученик на турски наставен јазик и тројца повторувачи; 204 ученици во уметничко образование од кои – 191 ученик на македонски, 13 ученици на албански наставен јазик; 226 ученици во Спортска академија од кои – 203 ученици на македонски, 23 ученици на албански наставен јазик и 136 ученици во спортска гимназија од кои – 121 ученик на македонски и 15 ученици на албански наставен јазик.

Од Министерството информираат дека Конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование во СУГС „Јосип Броз Тито” – Скопје; СУГС „Раде Јовчевски Корчагин” – Град Скопје, СУГС Гимназија „Никола Карев” – Град Скопје и во СУГС „Георги Димитров” – Град Скопје, СУГС„Орце Николов” Град Скопје.

Конкурсот за запишување ученици е завршен и за здравствена струка во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи” – Битола, за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик; СОУ „Димитрија Чуповски” – Велес за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик; СОУ„Наце Буѓони” – Куманово за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански наставен јазик; СОСУ „Св. Кирил и Методиј” – Охрид за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик; СОУ „Ѓорче Петров” – Прилеп за образовниот профил: медицинска сестра, фармацевтски техничар, гинеколошко – акушерска сестра и физиотерапевтски техничар во паралелките на македонски наставен јазик; СУГС „Д-р Панче Караѓозов” – Град Скопје, медицинска сестра на албански наставен јазик и македонски наставен јазик, забен техничар на албански наставен јазик, фармацевтски техничар на албански наставен јазик, медицински лабораториски техничар на македонски наставен јазик и физиотерапевтски техничар на македонски јазик и албански наставен јазик; СОУ „Нико Нестор” – Струга за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански наставен јазик и македонски наставен јазик; СОУ „Димитар Влахов” – Струмица, за образовните профили фармацевтски техничар и физиотерапевтски техничар во паралелките на македонски наставен јазик; СОМУ „Никола Штејн” – Тетово, за образовниот профил болничар-негувател на албански наставен јазик; СОУ „Јане Сандански” – Штип, за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик;СМОУ„Гостивар”-Гостивар за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански наставен јазик; СОУ„Мирко Милески”-Кичево за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик; СОУ„Дрита”-Кичево за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански наставен јазик; СУГС„Цветан Димов”-Скопје за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански наставен јазик.

Завршен е и Конкурсот за запишување ученици на економско – правна и трговска струка во СУГС „Цветан Димов” – Скопје, за образовниот профил продавач – референт за продажни услуги во паралелките на албански наставен јазик и во СОУ „Нико Нестор” – Струга за образовниот профил економски техничар во паралелката на македонски наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за угостителско – туристичка струка во СОУ „Коле Нехтенин” – Штип, за образовните профили келнер – готвач во паралелките на македонски наставен, а завшрен е и за лични услуги во СУГС „Димитар Влахов” – Скопје, за образовниот профил фризер во паралелките на албански наставен јазик и во СОМУ „Никола Штејн” – Тетово, за образовниот профил техничар за козметичка нега и убавина во паралелките на албански наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за електротехничка струка во СОУ „Ѓорѓи Наумов” – Битола за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик; СОУ „Ѓошо Викентиев” – Кочани за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик; СОУ „Ристе Ристески Ричко” – Прилеп за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика/електротехничар за електроника и телекомуникации во паралелките на македонски наставен јазик;; СОУ „Никола Карев” – Струмица за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик, во СОУ „Илинден” – Илинден за цела електротехничка струка; ССОУ„Коле Неделковски”-Велес за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;ОСТУ„Наце Буѓони”-Куманово за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен и за шумарско- дрвопреработувачка струка во СОУГС „Георги Димитров”-Скопје за образовниот профил техничар за мебел и ентериер во паралелката на македонски наставен јазик; а за сообраќајна струка завршен е Конкурсот во СОУ„Ристе Ристески Ричко”-Прилеп за образовниот профил техничар за патен сообраќај во паралелката на македонски наставен јазик, СОУ„Никола Карев”-Струмица за образовниот профил техничар за патен сообраќај во паралелката на македонски наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за графичка струка во СОУ„Ристе Ристески Ричко”-Прилеп за образовниот профил графички техничар во паралелката на македонски наставен јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот