Режисерот и оскаровец Мартин Скорсезе е продуцент на нова серија која ќе се снима во Србија

Фото: EPA-EFE/KYLE GRILLOT

Познатиот режисер и оскаровец Мартин Скорсезе е ангажиран како продуцент на новиот документарно-фантастичен серијал „Светци“ кој се снима во Србија, пренесуваат српските медиуми.

Серијата ќе вклучува осум едночасовни епизоди и ќе ги истражува приказните на исклучителни мажи и жени кои ризикувале сè за да ја отелотворат најблагородната и најсложената суштина на човечкиот род – верата.

Креатор на серијата е Мати Лешем, која ја разви Мартин Скорсезе за Алтернативната телевизија Лајонсгејт. Сценариото го напиша Кент Џонс, а ќе го режира Елизабет Чомко.

Меѓународната авторска екипа веќе е во Белград, каде ќе се снима дел од серијата, но и на други локации во Србија.

Серијата „Светци“ премиерно ќе биде прикажана во ноември годинава на платформата Fox Nation.

„Берлинале“: Мартин Скорсезе ја прими почесната „Златна мечка за животно достигнување“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот