Револуционерен изум: Специјален градник кој може да открие рак на дојка

Фото: Instagram/ mit

Научниците велат дека на повидок е специјален градник кој може да открие рак на дојка, откако дизајнирале посебен апарат за носење со ултразвук, пишува британски „Телеграф“.

Во новата студија, тие објаснуваат како флексибилниот фластер што е вметнат во корпите на градникот, може да прими ситни промени во ткивото, со што ракот на дојка ќе може да се открие рано, за многу поголеми шанси за преживување кај жените.

Фото: Instagram/ mit

Овој револуционерен изум, го создал д-р Канан Дагдевирен, од Технолошкиот институт во Масачусетс, која го нацртала првиот план покрај креветот на нејзината тетка Фатма Чалисканоглу, кога таа ја губела битката со ракот на дојка, на возраст од само 49 години.

Таа се надева дека уредот ќе овозможи почести прегледи на жените кои се изложени на висок ризик од развој на рак на дојка, како што се оние кои ги наследиле гените BRCA1 и BRCA2 или кај луѓе кои претходно имале рак.

Најчесто жените одат на редовни прегледи, но туморите на дојката кои се развиваат помеѓу закажаните мамографии, претставуваат 20 до 30 отсто од сите случаи на рак на дојка.

Кога ракот на дојка се дијагностицира во најраните фази, стапката на преживување е речиси 100 отсто сигурна. Меѓутоа, за туморите откриени во подоцнежните фази, таа стапка паѓа на само 25 проценти.

Фото: Instagram/ mit

„Мојата цел е да ги таргетирам луѓето кои имаат најголема веројатност да развијат интервален карцином. Со сè почести прегледи, нашата цел е да ја зголемиме стапката на преживување до 98 проценти“, рече д-р Дагдевирен.

Скенерот во овој специјален градник се заснова на истата технологија за ултразвук што се користи во центрите за медицински слики, но намалена во 3D-печатена лепенка, со отвори слични на саќе.

Фластерот е прикачен на градникот, кој има отвори што му овозможуваат на скенерот да контактира директно со кожата. Може да се помести во шест различни позиции, што овозможува снимање на целата дојка и не бара посебна експертиза за работа, па може лесно да се користи и дома.

Истражувачите го тестирале овој апарат на 71-годишна жена, со историја на цисти на дојката и успеале да ги откријат цистите, дури и оние со минијатурна димензија.

Фото: Instagram/ mit

Тие, исто така, покажаа дека уредот постигнал резолуција споредлива со онаа на традиционалниот ултразвук, а ткивото може да се слика на длабочина од околу три 7 сантиметри.

За да ги видат сликите од ултразвукот, истражувачите во моментов треба да го поврзат својот скенер со истиот вид на машина што се користи во клиниките, но работат и на пренослив апарат за гледање, кој би бил со големина на паметен телефон.

Инаку, тимот од научници, исто така се надева дека ќе развие сличен фластер за други делови од телото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот