Решен најголемиот љубовен проблем: „Правилото 37 отсто“ ќе ви помогне да го пронајдете партнерот од вашите соништа

Пар / љубов
Фото: Pexels/Jonathan Borba

Обрвзувањето да го поминете остатокот од животот со некого е голема одлука, веројатно една од најголемите што ќе ги донесете.

Истражувачкиот центар Пју известува дека многу луѓе прво се одлучуваат да живеат заедно пред да се венчаат, за да стекнат чувство како е да се живее со својот партнер.

На некои можеби ќе им бидат потребни месеци, но на многу луѓе им требаат години за да откријат дали се со вистинскиот партнер. Постојат знаци кои покажуваат дека сте подготвени за брак, но како да бидеме сигурни дека нашиот партнер е вистинскиот? Дали науката може да ни помогне?

Математичарите сугерираат дека „правилото 37 отсто“ може да помогне да се одреди најдобрата опција при донесување важни животни одлуки, пишува „Лист“ (The List). Ова правило наводно може драстично да го намали времето потрошено на донесување одлуки.

„Правилото 37 отсто“ се однесува на максимизирање на веројатноста да се дојде до најуспешната опција. Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес објави студија која ја објаснува науката што стои зад концептот. Идејата е едноставна: ако мора да донесете одлука со неколку опции, студијата сугерира дека треба да се ослободите од првите 37 отсто од опциите и да ги разгледате останатите. Потоа треба да ја изберете најдобрата од преостанатите опции.

„Правилото 37 отсто“ значи дека имате најголеми шанси да го изберете најдобриот потенцијален партнер ако ги одбиете првите 37 отсто од своите опции. Да речеме дека очекувате да запознаете околу 10 потенцијални партнери во текот на вашиот живот. Одбијте ги првите три или четири партнери што ќе ги запознаете, а потоа одберете го следниот кој е подобар од првите неколку. Дури и ако постојат знаци дека вашиот сегашен партнер е тој, ако таа личност е вклучена во првите 37 отсто од вашите потенцијални „доживотни партнери“, правилото вели дека би било подобро да ги одбиете и да размислите уште еднаш.

Дали оваа математичка формула навистина може да ви помогне да го пронајдете вистинскиот?

Математичарката Хана Фрај рекла дека ако го примените правилото од 37 отсто, шансите за избор на вистинскиот партнер се зголемуваат на речиси 40 отсто, но тоа не е без ризик.

Фрај зборувала за негативната страна на ова правило, бидејќи вашата сродна душа може да биде во првите 37 отсто од вашите партнери. Ако тоа се случи, со примената на правилото тој партнер би го пропуштиле. Друг ризик поврзан со ова правило е дека по фазата на одбивање, не мора да значи дека ќе наидете на личност која повеќе ви одговара.

Когнитивниот научник Том Грифитс од Калифорнискиот универзитете во Беркли и познатиот писател и информатичар Брајан Кристијан напишаа книга за ова правило. Тие тврдат дека ова правило е најголема помош кога сте неодлучни, пишува „Лист“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот