Ренџерс мора да плати осум милиони фунти за услугите на Миовски

Бојан Миовски („Абердин“)/фото: instagram.com/aberdeenfc

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и во својата втора сезона има одлични перформанси во дресот на Абердин, во шкотската Премиер лига до сега сезонава има 14 голови од 33 настапи. Како споредба во дебитантската сезона запиша 16 погодоци од 37 настапи.

Миовски доби и признание, односно се наоѓа во тимот на оваа сезона во шкотската Премиер лигата составен од Асоцијацијата на професионални фудбалери (ПФА).

Важечкиот договор на нашиот фудбалер со Абердин трае до 31 мај 2026 година и моментно според „Трансфермаркт“ вреди 2,5 милиони евра.

Неговите игри и постигнувањето голови го привлекоа вниманието на двата најголеми шкотски гиганти Селтик и Глазгов Ренџерс.

Денеска тамошните медиуми објавуваат дека Ренџерс ќе мора да плати осум милиони фунти (9,3 милиони евра) доколку сака да ги обезбеди услугите на Миовски во текот на летниот преоден рок, пренесува новинарот на „Rangers Review“, Џони МекФарлан.

Македонскиот 24-годишен фудбалер е предмет на трансфер гласини кои го поврзуваат со преселба во Ајброкс ова лето. Поранешниот шеф на Абердин, Нил Ворнок, претходно посочи дека го очекува заминувањето на Миовски до крајот на сезоната, а Глазгов е можна дестинација.

– Мислам дека тој е феноменален талент. Навистина, навистина ми се допаѓа, мислам дека тој би бил перфектно засилување (за Ренџерс). Нема сомнеж дека Абердин ќе бара голема сума на пари за овој човек. Ќе зависи од тоа колкав е интересот, но не би бил изненаден доколку Абердин бара осум милиони фунти за Миовски 0 пишува МекФарлан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот