Рецепт за здрава пица: Неодоливо потсетува на вистинската, тајната е во тестото

Фото: Easy-peasy.ai

Без разлика дали внимаваме на исхраната или не, секогаш можеме да се почестиме со пица. Сепак, не би било најздраво за нашиот организам често да го јаде омилениот италијански деликатес, барем во класичната верзија.

Затоа, денеска ви предлагаме рецепт за поздрава варијанта која речиси не се разликува од класичната, се прави многу побрзо, а тајната е во тестото кое ќе ве одушеви уште од првиот залак.

Состојки:

За две класични пици

Тесто:

– 300 грама брашно од спелта
– 500 грама јогурт
– половина ќесичка прашок за печиво
– сол по желба

Полнење:

– 200 мл домашни пасирани домати
– 300 грама посна мисиркина или пилешка шунка
– 100 грама рендана гауда
– 100 грама моцарела
– оригано

Подготовка:

Во длабок сад ставете го брашното од спелта, протеинскиот скир јогурт, прашокот за печиво и солта. Замесете мазно тесто. Текстурата треба да биде мека, но не и леплива. По неколку минути ќе имате прекрасно тесто кое лесно се расукува.

Поделете го тестото на два еднакви дела. Секој дел развлечете го тенко и ставете го во плех обложен со хартија за печење.

Одозгора се става фил по желба. Во овој рецепт се користат посна мисиркина шунка и два вида сирење, а на крајот се посипува со оригано.

Печете ги пиците во рерна загреана на 200 степени околу 15 минути.

Совет:

Наместо спелта брашно, можете да користите интегрално брашно, а наместо скир, грчки јогурт, постапката е иста. На ова тесто можете да додадете и каков било фил – зеленчук, домашен колбас, а можете да направите и бела варијанта со подлога од намаз од сирење и коцки пилешко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот