Рецепт за тиквички со сирење и мајонез: Не треба ни печење, ни варење

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Сезона е на тиквички, а од нив можете да направите различни јадења, само ваше е да изберете. Ако не сакате долго да стоите покрај шпоретот, туку само сакате набрзина да направите вкусно летно јадење, нашиот предлог се тиквички во кремаст сос. Не мора да се варат, само кратко прелијте ги со топла вода, а потоа измешајте ги со сирење и мајонез. Вака подготвените тиквички може да се послужат како прилог или како посебно јадење.

Состојки:

– 1 тиквичка
– 200 милилитри топла вода
– 2 растопени сирења (зденка сирење)
– копар
– 2 чешниња лук
– 1 лажичка италијански зачин
– 2 лажици мајонез

Подготовка:

Тиквичките исечкајте ги на коцки, па прелијте ги со топла вода и оставете ги да одморат 10-15 минути.

Сирењето кратко чувајте го во замрзнувач, а потоа изрендајте го и ставете го во сад. Додадете ги сечканиот копар, меленото чешне лук и процедените тиквички. Зачинете со сол, бибер и посипете со италијански зачини. Потоа, сипете и мајонез, па сè добро измешајте.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот