Рецепт за превкусен пржен ориз: Лесен ручек, готов за 10 минути

Фото: Cookipedia

Експертите за готвење тврдат дека ќе го добиете најдобриот вкус на ова јадење ако го подготвите со застарен и сув ориз што сте го зготвиле претходниот ден и го чувате во фрижидер преку ноќ.

Ви го пренесуваме рецептот за наједноставната варијанта на пржен ориз со малку зеленчук и матени јајца.

Состојки:

– 700 г варен ориз
– 70 г замрзнат грашок
– 3 чешниња лук
– 3 лажици путер
– 3 лажици соја сос
– 2 моркови
– 2 јајца
– 1 мал кромид
– ½ лажичка масло од сусам
– сол и црн пипер

Подготовка:

Загрејте една лажица путер во вок или во поголема тава, па на неа испржете ги изматените јајца. Испржените јајца извадете ги од тавата и оставете ги настрана.

Во истото тавче загрејте уште една лажица путер и пропржете ги кромидот и морковот кои сте ги исечкале на помали парчиња. Пржете сè заедно со малку сол и бибер, околу четири до пет минути, додека зеленчукот не омекне.

Додајте го сечканиот лук и пржете сè заедно уште половина минута.

На едната страна од тавата ставете го зеленчукот, а на другата растопете ја последната лажица путер.

Во тавата додајте го сварениот ориз, замрзнатиот грашок, соја сосот и маслото од сусам и сè измешајте со зеленчукот.

Пржете на висока температура околу три минути додека оризот не ги „впие“ сите вкусови и стане крцкав.
Вратете ги јајцата во тавата, измешајте сè и послужете топло. Украсете со млад кромид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот